ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ РУШИ РЕСТОРАНИТЕ НА КЕЈ

160
0
SHARE

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има намера да ги сруши терасите на рестораните на кејот пред плоштадот Македонија, дознава Радио Лидер.

Угостителите кои имаат ресторани на кеј за Радио Лидер брифираат дека биле повикани во Град Скопје и им било кажано дека нивните летни тераси ќе бидат срушени, а на нивно место ќе се изгради пешачка зона покрај кејот, додека улицата која сега е пешачка зона ќе биде пренаменета во сообраќајница по која ќе се движат автомобили до зградата на Телеком и плоштадот.

-Дел од присутните го замолија Шилегов доколку е можно ова да се одложи целата работа за од есен, затоа што поради Ковид пандемијата изгубивме многу, па би било добро барем да ја фатиме летната сезона, сведочи за Радио Лидер еден од присутните.

Инаку претходно истово ова сакаше да го направи и поранешниот градоначалник Коце Трајановски, но, поради негодувањата на јавноста и тогаш опозициската СДСМ, беше одлучено да се гради подземна сообраќајница. Проект кој подоцна Шилегов не го продолжи.

Инаку, во програмата на Петре Шилегов за овој дел од градот беше предвидено спротивното, тој ветуваше дека овој дел од градот целосно ќе го затвори за автомобили.

Инаку, во сите локали на кеј работат околу 300 угостителски работници и доколку се реализира оваа намера на Шилегов, можно е целосно пропаѓање на бизнисите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here