Шилегов ќе набавува прочистувачи на воздух за дел од училиштата, одржувањето ќе го плаќаат родителите

389
0
SHARE

Градот Скопје преку донација од АД МЕПСО ќе набавува прочистувачи на воздух за само дел од училиштата во град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница рече дека една од опциите е средствата за нивното да бидат платени од родителите на учениците.

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ посочи дека станува збор за исклучителна популистичка мерка со која никако не се решава проблемот со загадувањето.

-Нема ниту било каква студија за квалитет на воздух во затворени простории со која се докажува какво е влијанието и ефектот од прочистувањето на воздухот. МЕПСО како потенцијален загадувач е подобро да вложи повеќе средства во еден фонд кој би се формирал и користел за вакви еколошки мерки и цели, истакна Колариќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here