Шилегов: Не спиеме, Скопје ќе има автобуско метро

200
0
SHARE

Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит, објави синоќа градоначалникот Петре Шилегов.

Тој вели дека автобуското метро станува реалност годинава и дека екипите на Град Скопје деноноќно работат на овој скопски сон.

Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит. Популарното наречено Автобуско Mетро годинава почнува да станува реалност.

Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон! Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај, напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Шилегов додава дека ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, а обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт и со тоа намалување на загадувањето во воздухот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here