Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој како потпретседател на СДСМ вчера беше разрешен, вели дека треба да се разликуваат термините разрешен, сменет и дадено оставка.
„Јас со другарите, потпретседатели на СДСМ во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и Централниот одбор ги прифати. Второ, уште пред почетокот на седницата на Централниот одбор кажав дека нашата задача е по победата на претседателските избори да креираме внатрепартиски политики кои ќе гарантираат таква иста победа на парламентраните избори, со цел во Македонија конечно да ги елиминираме простотилокот, примитивизмот и фашизмот што ги промовира ВМРО ДПМНЕ во изминатите 15 години. Трето, оставка даваат луѓе со интегритет, а политички интегритет покажавме сите ние кои ги понудивме тие оставки.
Во политиката ништо не е вечно, како дојдовме така е логично во еден момент да си отидеме“, кажа Шилегов.
На критиките дека како градоначалник на Скопје не ги исполнил очекувањата на скопјани, Шилегов кажа дека допрва ќе се виделе резултати.