Што ќе се случува со Луна-парк? Ќе ја почекаме следната најава…

82
0
SHARE

Откако Град Скопје, на 3 април, најави дека го откажува кредитот за изградба на Луна- парк, и оти тие средства ќе биле пренасочени за реконструкција на улици и друга инфраструктура, нема информации што ќе се случува со Луна – паркот. Освен она што го најави самиот градоначалник Петре Шилегов, дека „ќе продолжи да се гради“.

Ова беше првата, после серија најави на градоначалникот откако е дојден на власт во која зборува дека Градот го откажува кредитот за изградба на новиот Луна-парк. Но остана зборчето „ќе“, што ако судиме според досегашните декларативни настапи и дела, значи само уште една најава.

Па така во ноември Градот најави дека градењето „ќе“ се одвивало фазно. Односно проектирањето „ќе било“ 2019 – 2020 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктура и објектите во 2020 – 2021 година, а набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање, 2019 – 2021 година.

Претходното потсетување беше лани во мај. Отприлика исто како што слушаа и лани и преклани и во времето на претходниот градоначалник. И тогаш беше поставен нов рок за завршување на најавеното: до средината на идната година. Исто како што во минатите години беа поставувани рокови кои што постојано се пролонгираат.

Што ќе се случува со Луна-парк? Ќе ја почекаме следната најава…

Извор СкопскоЕхо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here