Силен земјотрес ја погоди Хрватска

117
0
SHARE

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер, утрово ја потресе Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на 51 километар од Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Земјотресот се случил утрово во 6.28 часот, на длабочина од 2 километри. Градоначалникот на Петриње изјавил дека има материјални штети.

„ Не погоди силен земјотрес, никогаш не сум дожиеал вакво нешто досега. Не знам дали има жртви или материјална штета“ рекол Даринко Думбовиќ.

После првиот следел уште еден силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Петриња се наоѓа на само 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак. Сеизмолошката служба на Хрватска исто така објави дека јачината на земјотресот е 5 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е VII степен од скалата ЕМС.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека јачината била 5,2 степени по Рихтер.

Читателите на порталот Индекс известуваат дека земјотресот бил почувствуван во цела континентална Хрватска, дури и на крајбрежјето, а РТРС известува дека земјотресот бил почувствуван и во Бања Лука.

извор: Makfax

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here