Силјановска: Ајде вие Васко сменете една буква и бидете Раско

359
0
SHARE

Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот.

Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“

На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар.

Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here