Силјановска и Река професорски супериорни во однос на Пендаровски

512
0
SHARE

Прва дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, сите тројца професори со докторски титули од правните сфери, која беше емитувана во четвртокот вечерта на телевизија Телма покажа суперионост во познавањето на меѓународното право на опозициските кандидати Давкова и Рела во однос на кандидатот кшто го предложија владејачките СДСМ и ДУИ.

Повеќепати во текот на дебатата Силјановска аргументираше и објаснуваше како може да се дојде оспорување на делови на Преспанскиот договор, а Пендаровски имаше помирлив став кон притисоци кои би можеле да дојдат однадвор, и речиси целосно го ја исклучи важноста на меѓународното право во политиката.

Пендаровски нагласи дека се согласува со задолжителното меѓународно право кое го спомена Сиљановска, но напомена дека без поддршка од меѓународните фактори Македонија не можела да дојде дури ниту до некакво изедначување на преговарачките позиции.

Во еден момент кога Силјановска зборуваше за Преспанскиот договор и рече дека тој завршува со тн. вечна клаузува која вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен, Пендаросвки рече: „Ова е ново, не го имам слушнато“.
Силјановска одговори дека на неа како припадник на академската фела токму во сферата на уставното право ѝ доликува да се повикува на задолжителното меѓународно право, кое, како што рече ако се предочи во правна процедура ќе биде разбирливо и за Трамп и за Меркел. Истакна дека е свесна дека меѓународниот поредок е заснован на сила, а не на правда, но денес сите во Европа зборуваат за потребата од јуридизација на политика.

Силјановска укажа дека „во меѓународното право името е неразделен дел од државно правниот субјективитет или правото на самоопределување го вклучува правото на име, знаме, химна, устав“.

Силјановска Давкова укажа дека во Договорот стои „ако дојде до спор има постапка како се постапува“. Притоа таа се надоврза на актуелната ситуација кога не беше интонирана химната при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас укажувајќи дека ако до се знае како се постапува“.

Потсети дека и договори меѓу САД и Кина се повлекуваат, потоа меѓу САД и ЕУ и како што рече сето тоа повикувајќи се на меѓународното задолжително право. Оттука поосочи таа „може да се оспорат делови од Преспанскиот договор“.

Пендаровски пак во дебата акцент стави на политиката и меѓународното опкружување.

„Без помош од меѓународните фактори и не можевме да го постигнеме Договорот“, рече Пендаровски велејќи дека ги почитува сите правни авторитети и објаснувањето на Силјановска.

Извор Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here