Силјановска на средба во Националниот сојуз на слепи- ја промовираше и својата аудио програма наменета за лица со оштетен вид

263
0
SHARE

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ја прифати поканата од Национален сојуз на слепи на Република Македонија да ги посети и да поразговараат за нивните секојдневни пречки за нормално функционирање. Исто така ја промовираше и својата аудио програма наменета за лица со оштетен вид.

Секој од нас има некои компаративни предности, посебен е на свој начин. И една од темелните вредности таму е правична и соодветна застапеност. Ама во практиката правична и соодветна застапеност се гледа само низ очите, низ призмата, низ интересот на етничката припадност, рече Силјановска Давкова и додаде:

„Па по нивната сметка, најчесто партиска колкав процент на Турци, Албанци, Роми, Власи и Македонци има во општеството, Срби, Бошњаци итн. Толкав процент треба да има во сите државни и јавни институции. Многу погрешен пристап. Зошто? Бидејќи прво треба покрај основниот критериум, а тој основен критериум е стручност и компетентност, оти не може да биде етничката припадност занимање што сте по занимање е професорке Македонка, што сте по занимање, Албанец или Србин. Значи само ако сме изедначени кога конкурираме за било кое работно место во другите критериуми јас ќе имам предност како жена, затоа што сум потпреставена. Значи не сум застапена доволно“.

Мојата теза, подвлече таа, е сега и заложба и тоа ќе го кажам ако ме изберат и изберете и пред Собранието во едно од првите обраќања дека ваквиот критериум, ваквата темелна вредност треба да се чита низ призма на еден друг член 9, кој што вели дека сите се еднакви без оглед на етничка, расна, верска, социјална или друга припадност, па значи ако се работи за лице кое има проблем и со видот, или ако се работи за особа која има проблеми со слухот, а таа е стручна и компетентна, таа треба да биде примена.

-И по основ да речеме по родова припадност, жена ама и по основ на предноста и можноста на друг начин да ги изрази способностите. Само така ние ќе го освестиме општеството, секаде каде што сме сите да имаме еднаквост на шансите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here