Силјановска: Правда за Македонија! Татковината повикува!

423
0
SHARE

Професорката Гордана Силјановска Давкова стартува со својата кампања за претседател на Македонија од нејзиниот роден Охрид. Вечерва кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил посочи како ќе трае нејзината кампања и средбите со граѓаните.

Добро утро Македонијо! Ја почнувам кампањата денес од мојот роден град Охрид. Би сакала да информирам дека кампањата има две лица едното е граѓанското, другото е на најголемата опозициска партија и предводник на коалицијата партии кои застанаа зад мојата кандидатура ВМРО-ДПМНЕ. Во граѓанскиот штаб, шеф е Горан Момировски. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, шеф е Генералниот секретар Јанушев.

Граѓанскиот штаб се наоѓа во центарот на Скопје карши Багат, а ќе го отвориме во среда. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се вклучат во кампањата ги замолувам да се упатат таму. Слоганот на кампањата е Правда за Македонија! Татковината повикува! Користиме хаш таг #ПравдазаМакедонија #Татковинатаповикува на социјалните мрежи.

Ве известувам дека додека ве убедувам да гласате за мене овие 20 дена низ цела Македонија мојата кампања ќе прави добро. Секој град кој ќе го посетам ќе добие, мала, бесплатна, јавна библиотека. Исто така граѓанските активности ќе бидат насочени кон правење добро за себе, за околината и за заедницата. За големите настани следете ја веб страната: http://gordanazapretsedatel.mk , а стрим во живо ќе има и ФБ страницата. За граѓанските настани следете ја страницава каде ќе бидат најавени.

Придружете ми се! Татковината повикува! Да се избориме за правда за Македонија!

Добро утро Македонијо! Ја почнувам кампањата денес од мојот роден град Охрид. Би сакала да информирам дека кампањата има…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Sunday, March 31, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here