Силјановска: Жените бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери

295
0
SHARE

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател на Република Македонија денес по повод 8-ми март Денот на жената присуствуваше на маршот во центарот на Скопје, а подоцна оствари кафе средба со младите и на крај ја посети населбата Ченто каде што се сретна со голем број на граѓани и пазарџии.

По повод празникот 8-ми март, Силјановска Давкова запраша дали е 8-март среќен и дали може да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост?

Дали е празник, и дали имаме со што да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост? Премногу едноставно е да се одржи говор или да се напише пригодно писмо со кое ќе се порача дека на Македонија ѝ требаат силни и остварени жени. Потребна е акција, а тоа се виде на лицата на жените (и мажите) со кои денес марширав во центарот на Скопје. Жените не сакаат цвеќе и празни честитки еден ден во годината, тие бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери, кажа Силјановска Давкова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here