Синот на в.д. директорот на драмски Драган Спасов-Дац, меѓу актерите кои ја бојкотираа претставата?

1342
0
SHARE

Еден од актерите кои одбија да излезат на сцената во знак на солидарност за своите колеги обвинети за настаните во собранието на 27ми Април е и синот на в.д. директорот Драган Спасов – Дац.

стефан спасов

Стефан Спасов, Александар Михајловски и Григор Јовановски, синовите на актерите Драган Спасов – Дац, Тони Михајловски и Владо Јовановски, се дел од актерската екипа во претставата „Ничија земја“, која во петокот беше откажана во знак на протест против одлуката за притвор на Владо Јовановски, осомничен за насилните протести на 27. април.

Во петокот публиката во Македонскиот народен театар не ја одгледа претставата, туку само го слушна  извинувањето на актерскиот тим за нејзино одложување. Пред полната сала тие соопштија дека претставата нема да ја играат во знак на протест за 30-дневниот притвор на нивниот колега Владо Јовановски.

В.Д. директорот на МНТ, Драган Спасов – Дац, изјави дека ќе биде формирана дисциплинска комисија која ќе одлучи дали и какви казни ќе има за актерите кои одбија да ја одиграат претставата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here