Сите херои на Марвел во новиот филм ‘Avengers: Infinity War’

675
0
SHARE

Ако се прашувавте дали Марвел може да направи супер тим уште поголем од The ​​Avengers, новиот трејлер за Avengers: Infinity War, најави дека одговорот е дефинитивно да. Практично секој херој во Marvel Cinematic Universe се појавува во новото ремек дело.

Сериозно: Ако го гледате филмот и уште не сте го виделе вашиот омилен лик, само дајте му неколку секунди и тој ќе се појави. Во трејлерот се истакнува и Танос (Џош Бролин), пурпурниот негативец кој првпат се појавува во секвенца на Avengers – изгледа како да конечно излегува од сенката на останатите херои.

Една неодамнешна приказна во “Vanity Fair” сугерира дека следните два филма на Avengers ќе служат како последно појавување за многу од моменталните ѕвезди на мега-франшизата, на што Кевин Фејџ, главата на Марвел студиото најави дека

во Avengers 4 ќе има  работи кои никогаш не сме ги виделе во суперхеројски филмови, а наликува на едно големо финале.

” Avengers: Infinity War е во режија на Ентони и Џо Русо, браќата кои претходно ги режираа Капетан Америка: Зимски војник и Капетан Америка: Граѓанска војна. Премиерата е закажана за 3 мај 2018 година, Avengers 4 доаѓа една година подоцна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here