СЈО ги гони Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

463
0
SHARE

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори три нови истраги, од кои едната се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година. За случајот се осомничени Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ. Ова е првпат од основањето на СЈО предмет на истрага да биде висок функционер на најголемата албанска партија и тоа не било кој, туку токму лидерот Ахмети.

Според она што го презентираше специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, Груевски и Ахмети го оштетитле буџетот за 2,8 милиони евра.

„Иако биле свесни дека ќе настапат штетни последици, лицата пристапиле кон спроведување на пописот. Кога виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа“, рече Фетаи.

Според неа, причините кои ги презентирале Груевски и Ахмети биле технички причини поради кои пописот би можел да биде одложен, а не прекинат, а парите немало да бидат залудно потрошени.

„Но, причината за стопирање на пописот не била таа, туку тие сфатиле дека со легитимна пописна операција ним ќе биде нанесена штета како на лидери на партии“, изјави Фетаи.

СЈО денеска обелодени уште две истраги, од кои едната, „Моќник“ се однесува на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој се сомничи за злоупотреба на службата и за измама при продажба на државен имот, а втората истрага е за случајот „Актор“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here