СКАНДАЛ: Откажани сите прегледи во Клинички, поради доаѓањето на Папата!

532
0
SHARE

Сите закажани термини за прегледи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за 7-ми мај се откажани.

Оваа скандалозна одлука е донесена од страна на Министерството за здравство, а исто така ја потврдуваат и од „Мој термин“. Како причина за откажаните термини за прегледи во Клиничкиот центар, се наведува посетата на папата Франциск во Скопје, пишува А1он.

„Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на Папата и почитување на протоколот“, велат од „Мој термин“.

Од „Мој Термин„ известуваат дека очекуваат официјално известување од министерот за здравство, а потоа ќе ги информираат пациентите, чии термини се откажани на 7- мај во Клиничкиот центар „Мајка Тереза„

Скопје интензивно брзо се подготвува за историската посета на папата Франциск, кој на 7 мај ќе пристигне во Скопје. На недоградените објекти од „Скопје 2014“ веќе се поставија бели платна. Работниците од град Скопје, на плоштадот секојдневно работат на поставување на бината, од која што папата во вторник ќе држи литургија за присутните. Просторот е ограден со бели огради.

Ова е прва историска посета на папата Франциск во Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here