Скандал: Во Куманово салата за совет,СДСМ ја користи за предизборни партиски активности

445
0
SHARE
Зоран Петрушевски, советник од ГРОМ во советот на Општина Куманово

Советникот на ГРОМ во Општина Куманово Зоран Петрушевски, реагира со објава на Фејсбук за злоупотреба на општинската сала во која се одржуваат седниците на советот, дека СДСМ ја користи за предизборни партиски активности.

Бара реакција од ДИК и Јавното обвинителство да покрене постапка за ваквата злоупотреба.

Изјавата ви ја пренесуваме во целост:

“Е ајде сега ДИК а особено Јавното обвинителство да си поведат постапка и да утврдат кој им овозможил на овие луѓе да ја користат Салата која е сопственост на Општина Куманово наменета за одржување на Седници на Советот на Општина Куманово. Првиот човек со кого треба да разговараат е Градоначалникот на Куманово кој е задолжен да се грижи за ОПШТИНСКИОТ ИМОТ и да не дозволи да се ЗЛОУПОТРЕБУВА, особено да не дозволи општинските и државните ресурси да се користат во остварување на партиски интереси.”

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here