Скандалот со Бужаровски продолжува во општина Карпош

665
0
SHARE

Шефот на кабинет на Стефан Богоев, Душко  Бужаровски, минатиот четврток со мотрцикл кај мостот Влајко предизвика сообраќајна несреќа,  при што се здоби со телесна повреда. Како што веќе известивме, моторциклот го возел без патен налог; неовластено го земал; и за истиот не бил задолжен; моторциклот не бил регистриран; и Бужаровски не носел заштитна кацига. Штета на моторциклот е преку 1500 евра според записникот. Се поставува прашање, кој ќе ја плати штетата?

Инфоњуз дозна нов скандал со Бужаровски. Имено, уште утредента по сообраќајката, Бужаровски се обидел нерегистрираниот мотор да го регистрира и притоа барал да го антидатираат (со дата пред денот на сообраќајната несреќа). Нормално од МВР бил одбиен, но за да не ја плати штетата побарал и од осигурителната компанија да ја антидатираат полисата.

Ова јасно укажува дека шефот на кабинет на Стефан Богоев и СДСМ не само што се обидуваат да го заташкаат случајот, туку и направената штета се обидуваат да не ја платат и да ја префрлат на терет на осигурителната компанија.

Оние што го познаваат Бужаровски велат дека пречесто се дружи со чашката, а и во моментот на сообраќајната несреќа потврдено е дека бил под дејство на алкохол. Често пати е виден во кафеани со изведувачи од општина Карпош и како што тие велат, има змија во џебот. Пие и јаде келепур.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here