Скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за вода

368
0
SHARE

Пречистителната станица во Трубарево, што ќе биде изградена до следната година ќе биде огромен трошок и за градот Скопје и за скопски Водовод. Овие трошоци ќе паднат на грбот на граѓаните, кои многу наскоро ќе плаќаат поголеми сметки за вода.

Иако градоначалникот Петре Шилегов ја убедуваше јавноста дека тоа нема да се случи, ваквото негово тврдење било само уште една лага.

Го демантираше токму првиот човек на јавното претпријатие, поставен на функцијата од него.

-Додека сум градоначалник на Град Скопје нема да дозволам заради манипулаторски однос на Регулаторната комисија да се покачи цената на водата за пиење во Скопје, изјави Шилегов во јануари минатата година.

Денес, Шилегов сè уште е градоначалник, но јасно е дека водата ќе биде поскапа.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски јасно информираше дека граѓаните ќе пијат поскапа вода, токму поради споменатите трошоци.

На прашањето на новинарката „Дали имаат пресметки за колку може да поскапи водата“, тој одговори:

-Првичните цени ги имаме, заедно со регулаторна комисија веќе разговараме, во понапредни разговори сме. Нашите првични анализи говорат дека треба да се покачи за 2 до 3 денари по метар кубен, што во принцип не е огромно покачување, но сепак треба сериозна анализа да се направи и колку таа станица за пречистување на водата во Трубарево ќе создава трошок и во однос на тие трошоци, ќе можеме да направиме анализа, која нас ни е потребна, за утврдување на цената на водата, рече Весковски во гостување на Сител.

И сметката за вода за скопјани ќе поскапи !

Пречистителната станица во Трубарево, што ќе биде изградена до 2020 година ќе биде огромен трошок и за градот и ЈП Водовод, па затоа најлесно е изгледа да се зголеми сметката за вода што ја плаќаат граѓаните !

Posted by Скопје – Skopje on Monday, March 11, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here