Скопје се гуши – вечерва се дише отровен воздух

292
0
SHARE

Скопје се гуши во отровен воздух – мерните единици и вечерва покажуваат енормно загадување граѓаните буквално – дишат отров.

Според мерната станица на апликацијата „Mој воздух“, во отровен воздух се гуши и Скопје.

Најзагадено е кај Ректорат, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода. Во овие општини мириса на киселина и запалени гуми.

На светско ниво Скопје е повторно меѓу топ десетте најзагадени градови, од Владата нема итни мерки иако во најголем дел од загадените места неколку денови по ред едвај се дише.

Граѓанските активисти бараат да се прогласи алармантна состојба и да се активираат итните мерки во момент кога среднодневната концентрација на пм10 честичките во два последователни дена надмине 200 микрограми, но од Владата само препорачуваат без конкретни мерки за намалување на загадувањето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here