Случај Поткуп: Заев ми бараше едно евро за него, за црквата и за партијата

434
0
SHARE

Клучниот сведок во судскиот процес ,,Поткуп“, кој се води во Оновен суд Скопје 1, против актуелниот премиер Зоран Заев, тврди и останува на веќе изнесеното дека како градоначалник на Струмица, Заев му барал поткуп за да може да откупи градежно земјите.

,,. На 8  ноември 2013 во доцните часови ми се јави на телефон(Заев) и ме повика за 15 минути да дојдам во неговиот кабинет. Ми кажа дека морам за секој квадрат да платам 70 денари и плус едно евро за него, едно евро за изградба на црква и едно евро за партијата. Му реков дека се тоа многу пари и дека тоа ќе ме чини околу 300.000 евра“, рече сведокот Иван Николов.

Овој сведок потоа го пријавил случајот во обвинителството, а применети се ПИ мерки, тој е озвучен од полицијата, во кабинетот на Заев е наместена камера за снимање, и се прибавени доказни материјали кои сега се користат како клучни во процесот против Зоран Заев.

Слушањето на целата снимка, како што бараше одбраната на Заев, а судечкиот судија прифати, е одложено за друг ден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here