Смрди покрај Вардар: Сите фекални води од градот се испуштаат директно во Вардар

161
0
SHARE

Сите фекални води од градот кој полека станува милионски, се испуштаат директно во Вардар. Без никакво прочистување. Водата од тоалетните казанчиња, кадите и мијалниците, со сите фекалии, тоалетна хартија, средства за чистење тоалети, остатоци од храна, детергенти, сапуни за бањање… сè завршува во долното течение на Вардар, некаде после железничката станица.

Ако на тоа се додаде и целата атмосферска канализација, заедно со испустите од индустриските објекти, станува јасно зошто смрди при секоја прошетка покрај Вардар – реагираат од 02 Иницијатива.

Централната пречистителна станица во Скопје, која се најавува со години, сè уште не е почната да се гради. Не е завршена ниту изградбата на колекторскиот систем кој треба да ги собере отпадните води од скопската канализација кои сега се исфрлаат директно во Вардар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here