Снимки од руската воена база “Северна детелина” на Арктикот

707
0
SHARE

Руската воена база „Северна детелина“, лоцирана на островот Котелни, е сместена веројатно на најнегостољубивото место на планетата, пишува новинарот за CNN Фредерик Плејген.

Комплексот во форма на детелина со три листа е во боите на руското знаме и може да прими 250 војници и доволно резерви за тие да функционираат една година, без никаков контакт со надворешниот свет.

Таа е една од трите нови руски бази што се дел од проектот на Путин кој сака да ја утврди својата воена сила на арктичкиот брег. Руската армија соопшти дека во изминатите шест години има изградено 475 воени локации кои се протегаат од западната граница на Русија до Беринговиот Проток на исток.

Руската Северна флота е стационирана во базата од 2016 година.

Базата е веќе опремена со одбранбени ракетни системи и ракетен систем со среден дострел со назив Pantsir, кој е приспособен на арктичките услови и може да функционира на температури до -50 Целзиусови степени.

Основната функција на „Северна детелина“ е заштитата на руските интереси во областа што станува геополитичка точка во фокус меѓу земјите што имаат право на арктичките области.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here