Со наближување на денот на локалните избори, се зголемуваат тензиите во Албанија.

186
0
SHARE

Во северниот град Скадар по тензичната ситуација во моментот кога членови на ЦИК го доставуваа изборниот материјал во еден објект во општината, синоќа е подметнат пожар во училиште каде што веќе се наоѓал изборниот материјал, кој целосно изгорел, а предизвкана е и материјална штета врз училишната зграда.

Дошло до судир меѓу полицијата и граѓани кои ја попречувале интервенцијата на противпожарната единица, за што се приведени најмалку пет лица.

Во градот Тропоја украден е и расфрлен изборен материјал, а избил и судир меѓу полицијата и приврзаници на Демократската партија во Билишта, Бурел, Каваја, како и во Камза каде е повреден полициски службеник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here