Јохан Тарчуловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на „Фејсбук“ му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири.
Тарчуловски објави фотографии во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци, а на позадина се гледаат лустерите кои до скори висеа во централниот штаб на партијата.
Коментари
Јохан Тарчуловски, амнестираниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на „Фејсбук“ му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири.
Тарчуловски објави фотографии во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци, а на позадина се гледаат лустерите кои до скори висеа во централниот штаб на партијата.
„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.