Собранието ги изгласа измените за изборниот законик, привремен состав на ДИК

401
0
SHARE

Со 80 гласови „за“ Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Изборниот законик.

За измените гласаа и власта и опозицијата. Со измените  се уредува изборот и составот на Државната изборна комисија (ДИК), престанок на функцијата пред истекот на мандатот и рокот за предлагање на претседател, потпретседател и членови на Комисијата.

Власта и опозицијата се договорија ДИК да добие привремен состав со мандат од шест месеци, додека до октомври да се договори новиот начин на функционирање.

Според измените,  ДИК ќе има седум членови, од кои претседателот и двајца членови на ДИК ќе бидат од опозицијата, а тројца од власта. Мандатот ќе биде шест месеци.

Претседателот и потпретседателот на Комисијата ќе се избираат од членовите на ДИК и функцијата ќе ја вршат професионално. Комисијата треба да се избере во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон за време од шест месеци.

Собранието треба да објави оглас  за избор на претседател, потпретседател и членови на ДИК во Службен Весник и во два печатени медиуми.  Огласот трае осум дена од денот на објавување во Службен весник.

Со влегување во сила на измените на Изборниот законик, ќе ѝ престане мандатот на Ермира Асани Салија по сила на закон, единстениот актуелен член на ДИК од Движењето Беса,  а генералниот секретар на ДИК ќе ја извршува функцијата до изборот на нов.

Наесен, власта и опозицијата се договорија да започнат и разговори за измена на Изборниот законик, односно за промена на изборниот модел. Од шест изборни единици, Македонија да биде една изборна единица.

Оставките на членовите на ДИК, следуваа откако на 4 декември 2017 година, американскиот амбасадор Џес Бејли, откри дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија, а претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.

Членови на ДИК кои дадоа оставки под притисок на јавноста  во декември 2017 година се: Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Субхи Јакупи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here