Собранието не ја прифати иницијативата за одложување на пописот бидејќи била поднесена без „Северна“

128
0
SHARE

Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако на денешната седница беше одбиена иницијативата со срамно образложение.

„Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува“, напиша мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски најави дека на утрешната седница на Централниот комитет ќе предложи да се отпочне со собирање на граѓански потписи во градовите и селата.

„Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, пишува Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here