Советникот од ГРОМ Александар Трајановски му ги плесна во лице „шибицарските“ муабети на Шилегов!

1035
0
SHARE

Тензична, а сепак комична дебата се одвиваше денес во Советот на Град Скопје помеѓу градночалникот Петре Шилегов и советникот од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски.

Дискусијата се разгоре кога Трајановски реагираше на инвестиционата програма на Јавното претпријатие Комунална Хигена-Скопје, во која се наведени ставки за набавка на одредени елементии(механизација, возила, апарати, канцелариски мебел итн.) и услуги, а истите се со прилично напумпани цени.

На ова градоначалникот Шилегов, немајќи конкретен одговор почна да ги напаѓа и навредува советниците од опозицијата нарекувајќи ги лажговци и манипулатори.

Трајановски на овие обвинувања реагираше и во својата реплика кон градоначалникот потенцираше како всушност СДСМ и Шилегов манипулираа со изборната програма во која беше наведено се и сешто, а реализиција речиси и да нема. Тој исто така објасни преку пример дека градот Скопје и лани, соодветно на изборната програма на СДСМ и Шилегов, во инвестиционата програма на претпријатието Комунална Хигена-Скопје имаше предвидено поставување на подземни контејнери, за кој имало предвидено средства, денес сме сведоци дека ниту еден не е поставен.

Трајановски исто така зема збор и на точката на дневен ред за планот за вработувања за 2019 година. Тој обелодени дека според документите на претпријатието Комунална Хигена-Скопје 29 лица заминуваат во пензија, спецификацијата наложува дека се потребни 89 лица за точно предвидени позиции и звања во претпријатието, а сепак се предвидуваат 300 вработувања, за што обвини за партизација на претпријатијата, бидејќи е изборна година.

Трагикомична расправа во советот на Град Скопје

Трагикомична расправа во советот на Град Скопје

Posted by infomax.mk on Wednesday, January 23, 2019

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here