Сознанијата на Бејли се доказ дека странците имаат пристап до информации и надзор на целокупните случувања во Македонија

818
0
SHARE

Амбасадорот на САД во Македонија пред извесно време обелодени за бонусите кои членовите на Државната Изборната Комисија си ги поделиле како заслуга за “напорната” работа во изминатата година.

Нормално оваа информација наиде на бура од реакции во јавноста, по што и ДИК беше проморана да се произнесе и образложи, па и да закаже седница на која ќе изнајдат начин како транспарентно да ги вратат буџетските средства кои сами си ги поделиле.

Но она што е навистина загрижувачки,  е фактот дека амбасадор на странска држава располага информации од државна институција, тело кое оваа одлука ја донела на седница зад затворени врати. Медиумите бараа одговори и од владата и други институции, но немаа конкретни информации или сознанија воопшто, но затоа Бејли знаеше точно колку плати и во колкава висина на парични средства членовите на ова тело се почастиле.

Симптоматично е што амбасадорот на САД,  токму оваа институција ја посочи како пример со индикации за коруптивност, тој ги прозва и оние кои се собираа да протестираат за резултатите и одлуките по вонредните парламентарни избори во декември 2016та и ги нараче свиркачи, но и оние кои го шараа градот и спомениците зашто не реагирале на овие одлуки на ДИК. Тој го осуди потегот што одлуката била донесена зад затворени врати, но не и работата на ДИК за време на локалните избори, која исто така се одлучи да биде затворена за очите на јавноста. Тогаш изгледа се беше транспарентно, иако традиција беше сите дискусии и седници на ДИК за време на избори да се емитуваат јавно и во живо по медиумите во Македонија.

Некои владини претставници и подржувачи на политиките на актуелната власт на СДСМ, побрзаа да ја осудат оваа одлука на ДИК и да посочат дека ова е последица на ингеренциите и начинот на работа од време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но трезвено треба да се земе во предвид дека ова тело секогаш е во владение на опозицијата и мнозинството на членови е секогаш во нивна корист.

Брзата реакција на ДИК, свикувањето на седницата немаме впечаток дека е резултат на реакцијата во јавноста затоа што ова тело и порано биле предмет на обвинувања и меѓупартиски преписки, но останала имуна на нив. Затоа пак по забелешката на амбасадорот на САД, веднаш свикаа седница на која се дискутираше за враќање на парите на нивно “огромно задоволство”

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here