„Операцијата за спасување на петтемина македонски скијачи и сноубордери, кои на Пирин скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во бездна, успешно е завршена“,
Соопшти Планинската спасувачка служба. Бугарскиот медиум Канал 3 TV објави видео од спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија, каде петмина македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки паднале во дол.
Видео од извлекувањето.
Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени.
Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.