Среќен Роденден Шумахер! Продолжи да се бориш, не се откажувај

563
0
SHARE

Легендата на Формулма 1, Михаел Шумахер денес полни 49 години. Тој во својата кариера освои 155 победи, 91 победа, 77 најбрзи кругови, 68 пол позици, како и сеуште недостижни 7 шампионски титули.

Поминаа 4 години од трагичната несреќа при скијање во која тој се здоби со сериозни поврди на главата и мозокот по што падна во кома. Неговото лекување се одвива во неговиот дом во Швајцарија далеку од очите на јавноста и папараците.

Медиумите постојатно се интересираат за неговата состојба и одвреме навреме знаат да објават и некоја позитнивна, но и лоша вест. Ова се тешки и мачни 4 години за неговото семејство, пријатели, соработници, но и за верните фанови на Формула 1 легендата.

Фановите и пријателите како и најголемите ривали не го забораваат Шуми и му го честитаа 49иот роденден со со силни и емотивни пораки. “Издржи Михаел”, “Продолжи да се бориш, не се откажувај”, “Тој болид, таа црвена боја, тој човек во него… Бесценето”, беа дел од пораките

#Keepfighting #ForzaMichael

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here