Српската листа ја напушти владата на Косово, Харадинај го загуби мнозинството во Парламентот

468
0
SHARE

Приштинските медиуми јавуваат дека и покрај тоа што Српската листа излегува од косовската влада, премиерот Рамуш Харадинај порача дека нема да поднесе оставка.

Сите косовски медиуми ја пренесоа денес веста дека пратениците на Српската листа ќе излезат од косовската влада поради насилството над српските државни претставници во Косовска Митровиџа и апсењето на директорот на канцеларијата за КиМ на српската влада Марко Ѓуриќ. Но, наведуваат и дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека нема да поднесе оставка, иако владејачката коалиција го губи мнозинството.

„Парламентот е составен од многу парламентарни групи. Српската листа е партнер. Имаме вистинско партнерство. Вчерашната акција не беше насочена против косовските Срби или политичката заедница на Косово, освен оние што го прекршија законот. Тоа беше стандардна процедура. Непрофатливо е да се донесува ваква одлука поради тоа што беше применет законот“, изјави Харадинај, а пренесува порталот Коха.

Тој, меѓуоа, одби да ја коментира одлуката за излегувањето на Српската листа од владата. „Немам зборови за оние кои влегуваат во владата, па излегуваат“, кажа Харадинај.

Останува да се види дали одлуката на Српската листа за излегување од владата ќе ја одведе Приштина во нови вонредни парламентарни избори или актуелната влада ќе се обиде да ги замени Србите со други малцински или опозициски партии.

Последните вонредни парламентарни избори на Косово беа одржани кон средината на јуни минатата година, по повеќемесечна блокада на парламентот.

Разговорите за формирање на владата траеја до средината на септември минатата година, кога претседателот Хашим Тачи мандатот за формирање влада му го даде на Харадинај.

Владата ја формираше таканаречената „воена коалиција“, односно Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово, Иницијативата за Косово – НИСМА, Алијансата за ново Косово и Српската листа, како и припадници на други малцински заедници.

Српската листа во косовскиот парламент има девет пратеници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here