Српскиот претседател Александар Вучиќ утре на Табановце ќе ја достави првата пратка вакцини за Македонија

141
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче ќе ја пречека спрската делегацијата предводена од претседателот Александар Вучиќ.

Во владиниот допис не стои за кои вакцини станува збор, но најверојатно станува збор за вакцината на „Фајзер“.

Србија во јануари најави дека ќе отстапи 8 илјади дози од вакцината „Фајзер“, но неизвесно е колкав број утре ќе стигнат во земјава.

Набавка од Фајзер вакцини Македонија имаше и преку Ковакс – механизмот (833.000), но и преку директни преговори со компанијата (800.000). Наместо тоа, преку Ковакс-механизмот земјава доби најава за вакцините на „Астразенека“, поради недостиг од вакцините на „Фајзер“.

Извор А1-Он

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here