Стан во Банско: Инвестиција која носи уживање ама и заработка

486
0
SHARE

Инвестиција која би можела да ви донесе уживање но и дополнителна заработка.

Вака многумина го замислуваат поседувањето на туристичка недвижнина, која на сопстевникот и неговото семејство би му обезбедила незаборавни моменти на одмор и на газдата би му пружила можност покрај издавањето да дојде до екстра пари.

Во последно време, покрај апартмани на Маврово, многумина купуваат недвижнини во Бугарија. Како што истакнуваат експерти кои се занимаваат со оваа област, сега е последен момент да си купите некој стан во Банско по ниски цени, бидејќи недвижнините во Бугарија стануваат се поскапи.

Повеќето купуваат стан како инвестиција со идеја да го изнајмуваат, на туристи, но и на студенти – препорачуваат од Real Estate Avenue, агенција за недвижнини од Пловдив, која има претставништво и во Софија и агент преставник во Скопје.

Тие велат дека Македонците купуваат апартмани на планина за да имаат викендица, место за зимување и летување, како и дека во текот на зимната и летната сезона им се издаваат на познаници, сограѓани…Сепак, можеби е уште подобра инвестиција стан во Софија, бидејќи може да се изнајмува во текот на целата година. Да речеме, имам примери на луѓе чии деца студираат во Софија и тие пред неколку години купија поволно стан, го реновираат, кога дипломираше го продадоа и дури заработија.

Цените на недвижнини во Банско се движат од 400 евра по квадрат па нагоре. Во секој момент може да се купи стан во Софија за 700 евра па нагоре за м2.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here