Стефан Богоев исече 30 дрва на Партизанска

1663
0
SHARE

Од утрово во тек е масовна акција за сечење на дрва. На потегот на булевар Партизански Одреди во Карпош 3 кај Лептокараја од утрово, масовно се сечат дрва.

Загрижени читатели ни доставија фотографии на кои јасно се гледа масовната сеча на дрва што се врши пред Лептокарија.

Градоначалникот Богоев во предизборната кампања, гласно говореше и се залагаше за зачувување и негување на зеленилото на територија на општина Карпош, но ова што го прави е сосоема спротивно од ветеното. Тој исто така го обвинуваше неговиот претходник, Јакимовски, за негрижата на зеленилото и дрвјата, за да денес исече 30 стебла, бројка која неговиот претходник не ја достигнал ни со сеча за цела година.

Експертите велат дека според староста на стеблата и состојбата, немало потреба од сеча и истите можеле да бидат лекувани и третирани

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here