Стефан Богоев, изгубен случај

1090
0
SHARE

Од редакција на Инфоњуз побаравме одговор за обвинувањата од страна на новиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев произнесени на веб порталот www.sdk.mk

Го контактиравме и претходниот градоначалник г-дин. Стевчо Јакимовски да одговори на нашите прашања.

Г. Јакимовски, вашиот наследник ве обвинува дека сте го утнале проектот на општинската зграда?!
– Не е утнат проектот, туку е утнат самиот градоначалник. Не го бива за оваа работа. Што сработи за овие 5 месеци?! Само плаче и се теши со Боки 13.

Тој вели дека имало многу измени на проектот за кои немало одлуки на советот на Општина Карпош?

– Тоа си го лажат намќорките што ја вршеа ревизијата на проектот. Зошто треба да се носи одлука на совет? Одлука на совет се носи за изградба на објект, а не за градежна дозвола, тоа е работа на општинската администрација, поточно секторот за урбанизам. Ниту тој ја разбира работата, ниту тие кои го лажат.

Но тој вели дека не сте направиле измени во тек на градбата?
– Пак ќе ви повторам, ниту тој ниту оние кои го лажат, ја разбираат работата. Објектот е сеуште во градба и не е завршен. Ќе се прават измени и ќе се усвојат и што е проблемот?!

Наместо два ката под земја, сте отишле само еден, што значи дека сте го намалиле бројот на паркинг места?

– Да, тоа е точно, затоа што после 5 метра и 20 сантиметри, на парцелата наидовме на подземни води и требаше да потрошиме 500.000 евра, пари на граѓаните на општина Карпош за да го оспособиме просторот и да ги изолираме од влага и протекување. Наместо тоа, пристапивме кон измена на урбанистички план кои укажува дека тие паркинг места може да се надоместат и обезбедат во кругот на општинската парцела, од друга страна веќе бевме во преговори со сопствениците на парцелата пред нас, за да ја откупиме и за да се направат дополнителни 20 паркинг места плус мало паркче и фонтана.

Стефан Богоев вели дека ништо не било платено од општинската зграда и не знае колку се, се должело за нејзината изградба?!
– Ова уште еднаш потврдува, дека тој е изгубен случај. Тоа значи дека не ги проверил книгите, ниту контото 220, кое се однесува на изградбата на општинската зграда, па да види колку е платено за реализација на проектот, изградбата на карабината, за кровот, за фасадата, за прозори, за преградните ѕидови, изолација со енергетска ефикасност на објектот и тн… Тој се интересира за општинската зграда, онолку колку и за ланскиот снег. За 5 месеци тој нема влезено во општинската зграда, веројатно не знае и каде се наоѓа.

Ако СДСМ владееше со општина Карпош цел живот, ќе седевме во скапаните бараки со глувците кои ни шетаа по канцелариите и ходниците. Овие од СДСМ не се за политика, работа и раководење. Нив ги бива за часни сестри и да глумат обвинители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here