Стевчо Јакимовски традиционално за Св. Трифун во Нерези

514
0
SHARE

Претседателот на Граѓанска Опција за Македнија, Стевчо Јакимовски присусуствуваше на традиционалното закројување на лозовите засади во Нерези.

По повод православниот празник Свети Трифун, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски присуствуваше на традиционалното закројување на лозовите засади во Нерези.

Во присуство на 40тина граѓани, гости и лозари од Нерези и пошироко, беше одбележан празникот Свети Трифун. Со закројување, света вода, црковно вино и молитва, Јакимовски им посака плодна и бериќетна година на лозарите од Нерези.

Лозарите денеска го празнуваат Свети Трифун – Денот на лозарите, кој се смета за нивен заштитник. Лозарите на овој ден ги потскратуваат младите лозови гранчиња и веруваат дека свети Трифун ќе ги штити од разни болести.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here