Претседателот на Демократската Партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, на покана од Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе присуствува во Белград за време на посетата на Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Помеѓу другото ќе присуствува и на доделувањето на едно од највисоките руски одликувања, орденот “Александар Невски” кој на Вучиќ ке му го врачи Претседателот Путин.
Исто така лидерот на Србите во Македонија ќе биде дел од свечениот ручек во чест на рускиот Претседател кој го организира Вучиќ.