СТОИЛОВ: Моите соиграчи ќе раскажуваат во своите држави за Вардар и за Македонија!

462
0
SHARE

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја отвори вечерашната програма на плоштадот „Македонија“.

Стоилов им се заблагодари на своите соиграчи и кажа дека тие се најдобрите амбасадори на земјава. Тој рече дека голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат за Македонија.

„Еј луѓе, ова вторпат го велам: „Вардар е европски првак!“.

Голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат. Си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Република Македонија!“, додаде Стоилов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here