Студен туш за Заев во Берлин, нема шанси за датум за преговори и брз влез во ЕУ

424
0
SHARE

Земјите од Западен Балкан добиле разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин каде домаќини беа францускиот претседател и германската канцеларка, пишува „Фајненшл тамјс“ во анализата „Франција и Германија со студен туш кон балканските надежи за пристапување во ЕУ“.

Според весникот германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон отворено им порачале на делегатите од шестте земји дека мали се шансите и дека прво треба да ги средат внатрешните работи во своите земји.

Како што пишува „Фајненшл тамјс“, Макрон кажал дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правото, ама не преку процесот на проширување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here