Судот однапред знаел дека Заев нема да дојде на денешното рочиште, судските рочишта на Премиерот ги нема ни во електронската евиденција

409
0
SHARE

Во списокот на рочишта за денешниот ден го нема рочиштето на Заев. За претходните рочишта судот се правдаше дека однапред знаел ( му било кажано ) дека Заев нема да присуствува на рочиштето кои било официјално најавено.

Судијата Дарко Тодоровски пак, го води процесот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ е обвинет за примање на мито во висина од 200.000 евра, рочиштето беше закажано денес, 26.02.2018 година. Рано утрово јавноста беше информирана дека судењето на Заев се одлага поради патување на Заев во Лондон.

Според информациите кои излегоа во јавноста, братот на судијата Тодоровски е долгогодишен активист на СДСМ, Јордан Тодоровски, а најверојатно е и вработен како информатичар во партијата, пишува Инфомакс.

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари минатата година. Рочиштата на Заев се одлагаат по кој знае кој пат. Заев си поигрува со судот, па се вади на средби со амбасадори, протири во амбасади, патувања во странство и што ли уште не.

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.

Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп. За адвокатите на градоначалникот, наводите на обвинението биле спротивни на законот. Дали ќе бараат специјалната обвинителка да го застапува и овој случај, бранителите на Заев со одговор

Наведените причини беа различни, но целта е иста – Заев да избега од обвинителна клупа.            

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here