Судот позади полициски барикади и огради ќе ја изрече пресудата за случајот Тенк

519
0
SHARE

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот во кој е обвинет за поттикнување незаконска набавка на луксузен автомобил „Мерцедес“.

Тоа е еден од петте случаи кои Специјалното јавно обвинителство ги води против Груевски за криминал, корупција и изборни нерегуларности додека беше премиер од 2006 до 2016 година. На судењето за набавка на мерцедесот, вреден околу 600 илјади евра, СЈО побара затворска казна за Груевски. Според законот, за ова дело казната е од една до три години затвор.

Покрај Груевски во овој случај, наречен „Тенк“ е обвинет и поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој вчера за случајот “Триста”, за незаконска набавка на 300 полициски возила, е осуден на 9 години затвор. Исто така е обвинета и екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска но, нејзе поради ризична бременост ќе и се суди одвоено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here