Светот го доби првиот робот со државјанство

560
0
SHARE

Оваа недела Саудиска Арабија го додели првото државјанство на роботот со име Софија пред иницијативата за инвестиции на иднината која се одржа во главниот град на Кралството во Ријад.

Станува збор за робот Софија направен од компанијата Hanson Robotics и за прв пат е активиран во 2015 година и постојано е надградуван од страна на врвни професионалци програмери и од страна на луѓе.

Софија има своја интернет страница со чија помош ги прима информациите од луѓето и воедно ги запознава и нивните чувства, реакции и мислења. Со мозокот управува SingularityNet, и неговата цел е долгорочно создавање на интернет вештачки интелегенции за да учат и надградуваат едни со други и да се стимулира тенденција на раст.

Софија може да спојува реченици меморирани на однапред осмислени теми и може сама да состави реченица со помош на машинско учење.

На се ова, роботот Софија вели дека е многу горда на ова уникатно признание. За неа е ова историска можност да биде првиот робот во светот што доби државјанство на една држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here