Светот шокиран од терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд

270
0
SHARE

Многу земји од целиот свет го осудија терористичкиот напад врз две џамии во Крајстчерч во Нов Зеланд, во кој животот го изгубија 49 лица, додека повеќе од 20 се повредени, јавува AA.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека остро ги осудува терористичките напади извршени врз муслиманите што ги вршеле своите обреди во Нов Зеланд, и дека ги проколнува сторителите на овие напади.

Турскиот претседател Ердоган на својот твитер-профил реагираше во врска со терористичките напади извршени врз две џамии во Нов Зеланд.

„Остро го осудувам терористичкиот напад врз џамијата „Нур“ во Нов Зеланд и врз муслиманите што ги вршеле своите обреди тука, а ги проколнувам сторителите. Од Бога посакувам милост за нашите браќа кои го загубија својот живот во нападот, а на повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.

Европската унија (ЕУ) упати порака на сочуство по повод терористичкиот напад на Нов Зеланд. Во пораката се истакнува: „Напад на место за богослужба е напад на секој од нас.”

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остро го осуди терористичкиот напад во Нов Зеланд.

„Остро ги осудувам ужасните терористички напади врз џамиите во Крајстчерч“, напиша Столтенберг на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека неговите мисли се со сите оние кои ги изгубија саканите или се повредени.

„НАТО се солидаризира со нашиот пријател и партнер Нов Зеланд во одбрана на нашите отворени општества и заеднички вредности“, додаде Столтенберг.

Рускиот претседател Владимир Путин во врска со терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд, изјави дека е шокантен фактот дека се нападнати цивилите кои се собрале за време на молитвата.

Во соопштението од Кремљ е наведено дека рускиот претседател Путин упатил порака со сочувство до премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, по повод терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстерч што се случи утринава, а во кој загинаа најмалку 49 лица.

„Нападот на цивилите собрани по повод молитвата предизвикува шок и загрозеност. Се надеваме дека сите вклучени во ова злосторство ќе бидат казнети адекватно“, порача Путин.

Рускиот претседател во име на целата земја упати пораки со сочувство до семејствата на жртвите загинати во терористичкиот напад.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here