СВЕТЦИ И ЃАВОЛИ

844
0
SHARE

Г-дин Стево Пендаровски

Ве слушам изминатите 2 години како зборувавте дека нема да има промена на устав со цел промена на уставното име и зошто мислите дека вие сте вистинската личност која може да ја води Македонија напред, а не Силјановска или Река.

Но ајде да ги тргнеме настрана ЕУ и НАТО.

Каков успех имате вие лично постигнато во овие преговори во обезличувањето на Македонија, може ли да ми објасните и за политиката што ја спроведе З.З. околу промена на уставното име, промена на уставот, потпишувањето на предавничкиот договор со Ципрас.

Се разбира дека немате никаков удел во сето тоа.

Ова што се случи е надворешна политика, да си знаете, не е ниту на Заев, а нај малку ваш концепт. Се беше режирано од надвор, вие сте само извршител г-дин Пендаровски, затоа не се кочоперите многу вие ниту пак Заев. Вашата комуњарска предизборна политика не беше таква, нели немаше да има ништо од тоа што го зборуваше Груевски, беше само во неговата глава, така ли беше, од каде сега испаднавте херои и двајцата, Стево и Заев, ајде мајката???

Од авион се гледа дека сте само марионети.

Пред изборите и за време на изборната кампања зборувавте едно, ги имам вашите изјави и ги чувам, сега зборувате друго, што е точно, ќе ми одговорите ли вие или некој друг.
Сите знаеме дека со помош на странците дојдовте на власт, а тоа што вели “муртињо”, дека Господ го има испратено за светец, да не спаси сите нас, е една голема лага и невистина. Вашиот шеф “муртињо” е испратен од ѓаволот, а не од Бога, да не продаде и да не уништи како Македонци, не оставивте без националност, не направивте од мнозинство во малцинство во “Северна” Македонија, мамата ни ја расплакавте.

Да ве потсетам, ги загубивте изборите со 49 наспроти 51.

Бидна како бидна, ве донесоа на власт странците, но друго ми беше прашањето, на 10 дена пред да го потпишете профитерскиот приватен договор со Ципрас, ставот на “муртињо” и вашиот личен став беше дека нема да има промена на името, нема да го промените уставот и нема да гласате за Албанскиот јазик да биде втор службен јазик, кратко и јасно, да биде двојазичност, така ли беше “пендарко”? И што се случи сега, го направивте спротивното, се спроведовте, само за да дојдете на власт.

Тоа значи дека други ве управуваат г-дин Пендаровски, други имаат влијание врз сите вас во СДС на чело со З.З.!

Треба да знаете дека не сте спасителот на Македонскиот народ, вие сте само марионета, извршител и алатка во механизмот на Заев во продавањето на целата приказна за договорот, за да извадите некој поен за гласањето.
Немаме никаква реална поволност од договорот, се продава само тезата за ЕУ, а во НАТО да, ќе не примат насила само поради геостратешката политика, тоа сите добро го знаеме.

ЕУ од уста не ја вадите, а што бидна од сето ова, останавме со прстот во уста.

НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, НЕМА ЦРПНАТИ, НЕМА !

Мислите дека ја откривте Америка со З.З. доколку не продадете на Грците за ништо, а за ЕУ ќе сонувате и ќе сонуваме ние уште многу, да си знаете, треба реформи да спроведете Пендаровски, правда и правна држава да биде, независно судство без директиви од власта на чело со З.З. И уште нешто, мислете си вие дека ниту еден претходник не го знаеше и можеше ова што вие го направивте, па сега вие демек не просветлувате, ние останатите сме неуки?

Сигурен сум и убеден дека од Бранко и Љубчо навака на маса сите имале подобар договор од овој вашиот кој нема никаква гаранција, но не се понижија пред западот, само за Македонија да ни остане, не се осмелија да капитулираме така лесно како сега, а во договоров се гледа дека секоја буква која е побарана од грчка страна е прифатена.

Од друга страна, ви велевме дека нема никаква гаранција за датум за отпочнување на преговори со ЕУ, така и се случи. Оваа година има парламентарни избори во Грција и може новата власт да го оспори договорот и пак да не блокираат, а ние веќе го променивме Уставот, нема враќање назад.
Не требаше да биде цена нашето достоинство, потекло, култура, историја и жртвувани генерации за евентуален влез во НАТО и никогаш во ЕУ.

Тоа требаше да биде нормален процес како за секоја друга држава во Европа.

Автор: Страше Петковски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here