Талат Џафери: Ја прекинав седницата поради однесувањето на Мухамед Зекири

273
0
SHARE

Не го водам Собранието под диктат, туку по Уставот, изјави денеска собранискиот спикер, Талат Џафери, по бројните реакции и обвинувања дека ја прекинал седницата пред парламентот да одлучи за имунитетот на Трајко Вељаноски.

Џафери денеска вината ја префрли на Комисијата за мандатно имунитетни прашања кои со четири гласа „за“ и четири „против“ не донесе одлука. Според Џафери бидејќи Комисијата не поднела предлог, Собранието немало предмет на одлучување.

“Нека се преиспитаат тие што се повикуваат на мене заради свои пропусти. Седницата беше прекината бидејќи измина времето за носење одлука, поради пратениците, особено поради однесувањето на пратеникот од мнозинството Мухамед Зеќири, тоа може да се потврди од снимките” – рече Џафери кој додаде дека Зекири му дофрлал дека времето изминува и дека треба да се гласа..

Тој негираше дека го спасувал Вељаноски и додаде дека продолжува постапката на органите на прогонот против него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here