Талат Џафери не дозволи нарко тест за пратениците

525
0
SHARE

Собранискиот спикер Џафери не дозволи пратениците да се тестираат дали се нарко зависници бидејќи немало правен основ за иницијативата на независната пратеничка група која ја поддржаа и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Народните избраници нема да подлежат на нарко тест. Собранискиот спикер Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата на незавианта осумка за доброволно тестирање на пратениците за наркотици.

Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

Поводот за оваа Инцијатива, која наиде на одобрување од сите пратенички групи, беа објавените снимки на кои пратеникот Павле Богоевски наводно се слуша како нарачува кокаи, а на кои јавноста бурно реагираше. Богоевски кој ја потврди автентичноста на аудио снимаката, но тврди дека нарачувал масло од канабис и денеска не сакаше да дава изјави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here