Талат Џафери предмалку го потпиша решението за претседателските избори на 21 април

281
0
SHARE

Претседателот на Собранието Талат Џафери предмалку го потпиша решението за распишување на претседателските избори. Изборите ќе се одржат на 21 април, додека вториот изборен круг е закажан за 5 мај.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.

Заедно со претседателските избори, во Охрид, Ново Село и Дебар ќе се одржат и избори за градоначалници.

Треба да одржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да се однесуваат според Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат тој ден да помине во свечена и демократски атмосфера, порача Џафери, додавајќи дека граѓаните се единствен легитимен авторитет кој ќе одлучи кој ќе ја добие честа и одговорноста да биде шестиот претседател на Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here