Тамара Тодевска во денешното евровизиско финале ќе настапи под редниот број осум. Ова ќе биде прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување по цели шест години и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.
Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – ни изјави Тамара од Тел Авив.