Таравари: Не е исклучена опцијата за сојуз со македонската опозиција

443
0
SHARE

Неофицијалниот „дил“ меѓу македонската и албанската опозиција ги урива столбовите на владејачката конструкција. Според извори на Алфа во власта, двајцата коалициони партнери Заев и Ахмети стравуваат дека гласовите од Алијанса за Албанците и Беса, на адреса на натпартискиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ – Силјановска- Давкова, во вториот круг, ќе значат и нејзина победа.

Поддршката на албанската опозиција е дил меѓу ВМРО ДПМНЕ и Алијанса што за сега не е официјално потврден од двете партии, но не е ни демантиран. Неофицијално, постои договор: македонската опозиција да ја поддржи албанската за нивниот кандидат за градоначалник на Дебар каде заедно со претседателските ќе се одржуваат и локалните избори. На овој начин кандидатот на Алијанса би излегол како победник, а потоа во вториот круг на претседателските, албанската опозиција да ја даде својата поддршка на контото на Силјановска- Давкова.

Стравот на СДСМ е дека овде тешко ќе се пробијат, особено затоа што тие ќе треба да дадат поддршка за кандидатот на ДУИ за дебарски градоначалник и никако поинаку.

Повеќе на Алфа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here