Текстилниот сектор стравува од новото зголемување на минималната плата

267
0
SHARE

Зголемување на минималнатa плата ќе значи нов удар врз текстилната индустрија која и онака е во лоша состојба предупредуваат од секторот.

Стравуваат дека ако повторно порасне минималната плата дел од компаниите особено малите ќе стават клуч на врата.

Растот на минималецот во текстилнито сектор не ги зголеми и другите плати туку предизвика израмнување на примањата на вработените.

Од владата пак посочија дека годинава ќе има ново зголеување. Но за колку сеуште не се знае.

Од текстилната индустрија посочија дека иако им било ветено дека за покачениот минималец во оваа индустрија ќе се плаќаат исти придонеси, тоа не се случило.

Претходно и од Светска банка предупредија дека евентуално ново покачување на минималецот ќе ја продлабочи сивата економија и ќе ја зголеми стапката на невработеност кај младите. Инвеститорите пак посочија дека со ваквата мерка Македонија ќе стане помалку атрактива за странските вложувачи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here